
Денот на избори да биде празник за граѓаните, кога тие ќе знаат дека се слободни да го направат нивниот избор, рече во неделата спикерот на Собранието, Талат Џафери и посака шестите локални избори да минат мирно, како што оцени, како и предизборната кампања, а денешниот ден да биде празничен.
„Исто како што помина предзобрната кампања, посакувам и денешниот ден да помине во мирна атмосфера, како што е досега. И овој ден како и секогаш кога се избори да биде празничен за граѓаните на Република Македонија. Тоа да биде ден кога тие ќе знаат дека се слободни да го напарават нивниот избор и да ја изберат најдобрата понуда според нив и тоа да стане пракика во нашата земја и за натаму за да не случуваат работи како порано. Сакам да упатам честитки до сите граѓани, кандидатите за градоначалници и советници. Честито и на оние кои ќе бидат избрани“, изјави Џафери непосредно откако гласаше во селото Форино.