Касами: Да избереме власт што ќе ги исполни задачите

Претседателот на движењето Беса, Биљал Касами денеска по гласањето на изборите во Тетово истакна дека денес е голем ден за сите на кој имаме можност да избереме наши претставници во локалната власт.

– Се надевам дека ова ќе биде можност да се избере помеѓу едно минато каде локалната власт не ги исполни задачите поради што Тетово е еден од најнеразвиените градови, каде нема вода, чистота, каде улиците не се проодни – истакна Касами.

Изрази надеж дека имаме можност да избереме нова власт што ќе биде на ниво и ќе ги исполни задачите и власт што ќе биде во служба на сите граѓани без разлика на припадноста.