
Со двата натпревари одиграни во неделата вечерта, комплетирано е 8-то коло во германската фудбалска Бундес лига.
Дуелот во Леверкузен, каде Баер го пречека Волфсбург заврши без победник 2-2.
На натпреварот во Бремен, домашниот Вердер го претрпе и четвртиот пораз сезонава откако беше совладан од Борусија Менхенгладбах со 0:2.
На претходно одиграните средби, беа постигнати овие резултати: Баерн Минхен – Фрајбург 5:0, Борусија Дортмунд – РБ Лајпциг 2:3, Хановер – Ајнтрахт 1:2, Херта – Шалке 0:2, Хофенхајм – Аугсбург 2:2, Мајнц – Хамбургер 3:2 и Штутгарт – Келн 2:1.
На табелата води Борусија Дортмунд 19 бодови, Баерн Минхен е втор со 17, РБ Лајпциг има 16, Хофенхајм 15, а Борусија Менхенгладбах 14 бодови.