
Демократската унија за интеграција (ДУИ) објави победа во неделата вечер на неделните локални избори во Кичево и во Пласница.
„Во вториот изборен круг ДУИ ќе се бори за градоначалнички места во Тетово и во скопски Чаир, во конкуренција со БЕСА, во Гостивар во конкуренција со Алијансата за Албанците, како и во Сарај“, изјави Фатмир Бесими од ДУИ.
Според Бесими, ДУИ на изборите освоиле над сто илјади гласови и оцени дека останува најголема политичка партија на Албанците.