Повеќе од 44.000 неважечки гласачки ливчиња

На изборите ДИК во првиот круг досега утврди вкупно 44.481 неважечки гласачки ливчиња.

Причината за нив е поради строгото упатство издадено до избирачките одбори, според кое, се уважуваат гласачките ливчиња на кои броевите биле заокружени. На оние гласачи, кои бројот го обележале со триаголник, квадратче, го штиклирале или заокружиле со фломастер што си го донеле од дома, ливчињата не им се уважени.