
Автомобилот на симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ бил запален и целосно уништен во скопско Лисиче.
-Е ова се вика живот во Македонија, вака ли ќе имаме слобода. Запалена ми е колата од страна на СДСМ активист, пишува сопственикот на возилото на социјалната мрежа Фејсбук.
Посочува и дека ваквите напади нема да го исплашат.
Ова не е прв случај, каде членови и симпатизери на СДСМ се служат со разни облици на насилство во изминативе четири месеци. Медиумите во повеќе наврати информираа за насилни и криминални активности, но од полицијата имаше молк.