Меркел бара од партнерите кастрење на финансиската помош од ЕУ за Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика во четвртокот другите челници на земјите членки на Европската унија да ја намалат финансиската помош за Турција кој се издвојува за напорите на Анкара да се придружи на Унијата, поради нејзината оцена дека станува сѐ поавторитарно владеењето во оваа земја.

Иако пофално зборуваше за Турција поради прифаќањето на милионите сириски бегалци, и спречувањето на продолжувањето на огромниот бегалски бран кој предизвика раздор во Европската унија, германската канцеларка Ангела Меркел ја задржа поострата реторика кон Акара којашто ја започна во текот на предизборната кампања за парламентарните избори кои се одржаа кон крајот на септември, на коишто победи нејзината конзервативна коалиција но со најслабиот изборен резултат од 1949 година, во прв ред поради политиката на отворени граници за барателите на азил. Сепак, Меркел се воздржува од повиците веднаш да бидат прекинати децениските разговорите со Турција за членство во ЕУ, на што повикуваат други европски челници.

„Владеењето на правото во Турција оди во погрешна насока. Поради тоа сме многу загрижени . Ќе побарам намалување на парите за претпристапните фондови“, изјави Меркел по доаѓањето на самитот на ЕУ во Брисел.

Освен парите коишто ЕУ ги дава на Турција во рамките на договорот за имигрантите од 2016 година, за кои Анкара повеќепати рече дека не се доволни и оти Брисел не го испочитувал целосно договорот за укинување на визниот режим за нејзините државјани, Турција за периодот од 2014 до 2020 година требаше да прими од ЕУ 4,4 милијарди евра.

Турција ја обвинува Германија дека им дава засолниште на курдските и левичарските милитанти, како и на воени лица и други лица кои се поврзани со неуспешниот обид за воен преврат од 15 јули 2016 година за кој официјална Анкара го обвинува исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кои од 1999 година живее во доброволен егзил во САД и кој негира негова вмешаност во пучот.

Односите меѓу двете земји започнаа откако германските власти минатата година им забранија на турските политичари да се појавуваат на политички собири меѓу големата турска дијаспора во Германија во кампањата за референдумот за уставните измени со кои се прошируваат овластувањата на претседателот на турската држава. Покрај тоа, Берлин ѝ забележува на Анкара за масовните чистки и апсења на своите противници по неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули 2016 година. Германија и нејзините партнери во Европската унија сметаат дека тоа се поткопува демократијата.

Турција и Германија, кои ги расипаа односите пред две години кога германскиот парламент изгласа резолуција со којашто масовните гинења на Ерменците во текот на Првата светска војна во Османлиското царство ги означи како геноцид, што Анкара никогаш не го прифати.

Двете земји се во судир и поради одбивањето на Берлин да ги екстрадира барателите на азил кој Турција ги обвинува дека се дел од мрежата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во доброволен егзил во САД од 1999 година која е обвинета за неуспешниот пуч и формирање „паралелна држава“ во институциите.

Брисел повеќепати предупредуваше дека однесувањето на Анкара ја доведува во прашање нејзината посветеност за пристапување кон ЕУ. Европската комисија на почетокот во годишниот извештај за напредокот на Турција на патот кон Унијата, ги нотираше неуспесите на политиките на Анкара во сферата на граѓанското општество, човековите права и слободата на говорот. Во извештајот, исто така, беше истакнато дека турските власти не прават доволно за прилагодување на законодавството кон европските норми.

Спогодбата за асоцијација меѓу тогашната Европска заедница и Турција беше потпишана во 1963 година. Апликацијата за членство во Европската унија, Анкара ја поднесе дури во 1987 година. Пристапните преговори за членство, пак, започнаа дури во 2005 година, а повеќепати беа усложнувани поради несогласувања што доведе до нивно прекинување. Во моментов отворени се 16 од 35-те поглавја од пристапните преговори.