ТВ водителка кандидат за руски претседател

Руската телевизиска ѕвезда Ксенија Собчак објави дека планира да се кандидира на претседателските избори следната година. Ксенија е ќерка на Анатолиј Собчак, поранешен градоначалник на Санкт Петербург кој го ангажирал Путин како официјален претставник во Градското собрание во деведесетите години од минатиот век.

Анкетите покажуваат дека претседателот Владимир Путин со големо мнозинство ќе биде реизбран доколку, како што очекуваат повеќето аналитичари, реши да се трка за неговиот четврти мандат во март.

Значително помалубројните независни гласачи го обвинуваат Путин за раководење на корумпиран систем што ја изолира Русија од надворешниот свет.

Некои од нив учествуваа на протестите организирани од критичарот на Путин, Алексеј Навални.

Но, руските официјални претставници велат дека Навални не може да се кандидира за претседател поради кривична осуда за која тој вели дека му била наместена.

Путин сe’ уште не го потврдил своето учество на изборите, но се очекува да се кандидира за нов мандат.