
Македонскиот фудбалски шампион Вардар во третото коло од групната фаза во Лига Европа, одноно високо е поразен пред своите гледачи со 0:6 од шпанскиот фаворит Реал Сосиаеда.
Во четвртокот вечерта играчите на Вардар ги повторија слабостите, во прв ред во одраната, од мечот со Зенит, а налетаа и на особено расположените противници од Реал Сосиедад кои имаа целосна доминација во поседот на топката од речлиси 75 отсто. Притоа, гостите од Баскија имаа уште две стативи и неколку стопроцентни шанси за погодок.
Вардар имаше само два сериозни обида и тоа во првото полувреме, кога Боби Николов кој од добра позиција биеше над голот, а потоа во противнапад Барсегјан излезе сам пред голманот Рули, но овој беше поуспешен. Домашните во текот на целиот натпревар тешко успеваа воопшто да ја префрлат топката на противчката половина.
Ова е втора победа за Реал Сосиедад во групната фаза од Лигата на Европа по триумфот во првото коло против екипата на Розенборг.
Јунак во тимот на гостите беше Бразиелцот Вилијан Жозе кој постигна четири од шесте погодоци за гостите.
Ојарзабал ја отвори серијата на Баскијците во 13 минута, потоа на сцена стапи Вилијан Жозе со голови во 34, 42, 55 и 59 минута од натпреварот. Последниот гол за Сосиедад го постигна дефанзивецот Де ла Бела во 90. минута.
Во истата група Л, во мечот кој се одигра во Санкт Петербург Зенит со 3:1 славеше над Розенборг. И на овој натпревар јунак кај победникот беше јужноамериканец, овојпат Аргентинецот Емилијано Ригони, кој постигна хет-трик, беше прецизен во 1, 68 и 75 минута, а за гостите прецизен беше Андре Хеланд во 88 минута.
Голот на Ригони, во 65 секунда, е вториот најбрз погодок во историјата на Лига Европа на петербуршкиот клуб . Рекордот му припаѓа на словачкиот бек Томап Гобочан кој во натпревар од групната фаза од Лига Европа во сезоната 2011/2012 со грчки АЕК постигна гол по само 42 секунди игра во победата од 4:2. Ригони , исто така, е лидер на листата голгетери со 5 погодоци во три меча.
На табелата од групата Л во водство е Зенит со максималните 9 бодови, Реал Соседад има 6, Розенборг -3 а Вардар е уште без бодови.
Во следното коло повторно ќе се сретнат истите екипи, но сега Вардар ќе му гостува на Сосиедад, а Зенит на Розенборг.