
Државната изборна комисија (ДИК) во четвртокот одржува седница на која се разгледуваат приговорите поднесени од политичките партиите.
ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другите, поднесе и приговор до ДИК со кој бара увид во документацијата и поништување на гласањето на избирачкото место 2875 во Чаир. Приговорот е поради тоа што во избирачката кутија имало 409 ливчиња, а во избирачкиот список биле потпишани 406 гласачи и со тоа во кутијата имало повеќе три ливчиња.
Во врска со оваа изборна нерегуларност Невенка Стаменковска побара увид во документацијата и поништување на гласањето на ова избирачко место.
Се појавуваат сѐ повеќе докази за изборниот фалсификат и огромни неправилности кои се случувале на локалните избори кои беа одржани во неделата.