
Поради штрајк на грчките царински служби денеска ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција. Границата ќе може да ја поминат само пешаци.
Како што соопштија од МВР, на Граничниот премин Богородица прекинот ќе биде 24-часовен, и почнува денеска во 6 часот, исто како и на Граничниот премин Меџитлија, каде прекинот е најавен од 6:30 часот.
На Граничниот премин Стар Дојран прекинот во сообраќајот на границата ќе биде само денеска од 5 до 23 часот.