
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека ќе го одобри на преостанатите класифицирани документи за атентатот врз претседателот Џон Фицџералд Кенеди од 1963 година.
„Како претседател ќе го одобрам отворањето на блокираните и класифицирани досиеја за ЏФК“, напиша актуелниот американски претседател Доналд Трамп на Twitter.
„Поради приемот на дополнителни информации, ќе дозволам, како претседател, да се отвори одамна блокираното и доверливо досие за ЏФК“, Трамп напиша на својот твитер профил.
Се работи за илјадници документи кои се чуваат во американската Национална архива. Со специјален закон донесен на 26-ти октомври 1992 година, беше предвидено овие документи да бидат претставени пред јавноста по 25 години, односно до 26-ти октомври 2017 година.
Поголем број медиуми во САД навестуваа дека претседателот Трамп сепак ќе реши да го продолжи рокот во кој овие документи ќе останат тајни, со цел да се заштитат одредени разузнавачки програми кои може се уште да се во тек. Но, по денешната најава може да се очекува документите за убиството на Кенеди да станат достапни следниот четврток.
Американскиот национален архив низ годините веќе го објави поголемиот дел од документите за атентатот, но последните делови од досиејата сѐ уште се тајни и само Трамп како претседател е овластен да одлучи дали сака да останат затворени за јавноста или се објавени во редактиран облик.
Убиството на Кенеди во Далас на 22-ри ноември 1963 година е еден од најважните датуми во американската историја и до денес е популарна тема за теориите на заговор, иако официјалната истрага заклучила дека за атентатот е одговорен осамениот пролевичарски напаѓач Ли Харви Освалд.
Наспроти некои втемелени сомневања во наодот на истрагата и теориите кои тврдат дека во атентатот биле вклучени организираниот криминал, Куба или агенти на американската тајна служба, теоретичарите на заговорот сѐ уште не пружиле никакви докази дека Освалд имал помагачи.
Весникот The Washington Post во саботата пишува дека експертите не сметаат дека документите нема да донесат некои нови бомбастични информации, но би можеле да ги расветлат активностите на атентаторот кога престојувал во Сиудад де Мехико кон крајот на септември во 1963 година, како и дејствување на кубански и советски шпиони.
Кенеди беше убиен во 46-та година и до денес останува еден од најомилените американските претседатели.