
Пет лица ги загубиле животите, а уште 85 се повредени во разни несреќи и инциденти предизвикани од моќниот тајфун Лан кој во неделата ја зафат и Јапонија, пренесува во понеделникот јавната телевизија NHK.
Маж на возраст од 63 години загинал во градот Фукуока кога поради силниот ветер се урнало скеле на градилиште. Во префектурата Јамагучи е пронајдено телото на 70-годишен мажа кој исчезнал откако јавил дека неговиот чун има проблеми со моторот. Во градот Кисивада, во југозападниот дел од главниот остров Хоншу, се удавила жена чијшто автомобил пороите го понеле во реката. Останатите се жртви на лизгање на земјиште и поплави во различни делови од земјата. Настраданите претежно се здобиле со повреди од паднати рекламни билборди или откинати гранки од дрвја.
Во понеделникот повеќе од 81.000 жители на префектурата Фукушима во североисточниот дел на Хоншу добија наредба за итна евакуација, поради заканите од поплави предизвикани од обилните дождови. Локалната администрација на својата интернет страница и преку системот за известување преку операторите на мобилната телефонија го повикува населението во екстремни случаи да излезе на покривите од своите домови и да очекува помош. Спасувачките тимови со чамци се испраќаат во поплавените области. Во некои случаи, луѓето од покривите на куќите се евакуирани со хеликоптери.
На значителен дел од територијата на Јапонија продолжуваат обилните врнежи, што ги носи тајфунот. Во областа на полуостровот Ким на Хоншу, во според состојбата во 12 часот по локало време (5 часот по македонско), во последните 72 часа наврнале над 800 милилитри дожд.
Истовремено нарушен беше железничкиот сообраќај, со доцнења или прекини на линии, кој во текот на понеделникот попладнето делумно се враќа во редовниот режим на функционирање. Откажани се и 170 летови на локалните аеродроми.
Тајфунот Лан го зафати североисточниот дел од островот Хоншу, а потоа доби траекторија на движење кон океанот и во текот на денот ќе мине во област на низок притисок. Меѓутоа, во зоната на тајфунот одделни налети на ветрот надминуваат брзина од 30 метри во секунда. Јапонската метеоролошка служба, исто така, наведува дека тајфунот во источна Јапонија може да подигне бранови со височина и до 13 метри. Се предупредува на поплави, лизгање на земјиштето, високи бранови, силен ветер и обилни дождови и на пошироката јапонска територија.