Тинејџер во Швајцарија со секира рани неколку лица

Во гратче во источна Швајцарија седумнаесетгодишен Латвиец во два одвоени напада со секира во неделата ноќта ранил неколку лица, соопшти во понеделникот утрото локалната полиција.

Според полицијата од Сент Гален, осомничениот прво нападнал неколку луѓе на плоштадот во местото Флумс, 85 километри југоисточно од Цирих, малку по 20 часот вечерта.

Потоа побегнал со украден автомобил кој го судрил и продолжил пешки. Влегувајќи на бензинска станица продолжил со нападот. Полицијата отворила оган на него, го ранила и го уапсила.
н
Властите објавија дека напаѓачот дејствувал сам, како и дека во овој момент нема знаци дека неговиот напад има врска со тероризам.

Сериозната на повредите кај ранетите допрва треба да биде утврдена, се додава во полициското соопштение