
„Храбра и Одважна“ е мотото на деветата по ред „Работилница за самоодбрана за жени“ што ќе се одржи во Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија.
Организацијата за изучување на класични јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, во 2008 година за прв пат во Македонија организираше ваков настан и оттогаш Работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.
Потребна опрема: тренерки (хеланки) и маица (блуза) без патенти и копчиња. Се вежба на душеци (боси). За сите учеснички обезбедено е бесплатно спиење во доџо-то.
Датум на одржување: 28/29 октомври, 2017
Место: Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо (62 км. од Скопје)
Дополнителни информации: 075 564 011 или на е-маил: [email protected]