
Автомотосојузот на Македонија утрово соопшти дека на граничниот премин Делчево поради проблем со компјутерски систем на царината, во прекин е сообраќајот за товарни возила за влез и за излез од државата.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата – информација што се однесува само за македонската страна на премините.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.