Германската полиција заплени оружје од локации поврзани со исламистите

Германската полиција запленила големо количество оружје и муниција во претреси на четири локации во главниот рад Берлин поврзани со 40-годишен Германец кој е осомничен за поврзаност со исламисти, објави во средата берлинското обвинителство.

Мажот, германски државјанин по потекло до Турција, претходно веќе бил осудуван поради кршење на законот за носење оружје, а ја посетувал џамијата којашто е под надзор на безбедносните служби, објави портпаролката на обвинителството на Берлин, Силке Бекер.

Германија беше цел на неколку исламистички напади во текот на минатата 2016 година, вклучително и оној во Берлин кога ланскиот декември Тунижанец уби полски возач на камион а потоа со возилото уби уште 11 лица влетувајќи во толпа на божикен саем.

Германската служба за внатрешна безбедност предупреди на можни напади од радикализирани муслимани, особено во контекстот на тоа што сѐ поголем број странски борци се враќаат во своите земји од воените зони во Сирија и во Ирак.