
Ирачките сили се подготвуваат за завршната офанзива против ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (ИД), којашто под своја контрола го држи последниот дел од орачката територија западната област ал-Кам и Рава крај сириската граница, соопшти армијата во средата, а истовремено власите на автономната покраина Ирачки Курдистан ѝ се обратија на централната влада во Багдад со предлог за разрешување на меѓусебниот конфликт.
„Вашите безбедносни сили доаѓаат да ве ослободат“, пишува на летоците исфрлени од авиони кои се наменети за цивилното население во ал-Кам и Рава, се додава во соопштението на Здружената команда во Багдад.
Исламската држава сѐ уште под контрола го има и дел од сириската област од споменатото подрачје, но таа постојано се намалува. Џихадистите во овој дел во моментов се соочуваат со две офанзиви: силите на сириската владина армија помогната од шиитските доброволци од регионот и авијацијата на Русија, и со коалицијата којашто ја предводат сириските Курди кои се помогнати од САД.
Самопрогласениот „калифат“ на Исламската држава, кој беше замислен по историскиот средновековен калифат кој се протегал од Ирак преку Сирија до Либан, се распадна во јули годинава по десетмесечната офанзива на ирачката војска поддржана исто така од шиитските милиции и од меѓународната коалиција предводена од САД кога беше заземена нејзината самопрогласена престолнина Мосул, вторито по големина град во Ирак. Исламската држава, исто така, минатата седмица ги загуби во Сирија и своите главни упоришта во градовите Рака и Мајадин.
Водачот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, кој во јули 2014 година по ненадејната молскавична офанзива по истапувањето од сојузот со Ал Каеда во Мосул го прогласи „калифатот“, се огласи кон крајот на септември, давајќи на знаење дека сѐ уште е жив, и покрај извештаите од Вашингтон дека е убиен. Тој ги повика следбениците да продолжат да се борат и покрај „тешкотиите“.
Истовремено во средата во Ербил властите на автономната покраина Источен Курдистан, преку соопштени објавено на интернет предложија прекин на огнот, запирање на сите воени операции, отпочнување дијалог за уставот, изразувајќи од своја страна подготвеност да ги замрзнат резултатите од референдумот за независност на регионот.
Според курдските власти, конфликтот меѓу ирачката војска и курдските вооружени формации „пешмерга“, кој започна на 16-ти октомври, „им нанесува штети на двете страни и може да доведе до непоправливо крвопролевање“. Притоа ниедна од страните во судирот, како што смета владата во Ербил, престолнината на курдската автономија, не може да постигна победа, а Ирак ќе се врати во „безредието и хаосот“.
Шефот на мисијата на Обединетите нации во Ирак, Јан Кубиш, изјави дека светската организација е подготвена да ги поддржи преговорите меѓу Ирак и Курдистан.
Ситуацијата во регионот се заостри по референдумот за независност од 25-ти септември, кој не го признава владата во Багдад. Кон средината на октомври ирачките безбедносни сили започнаа операција за преземање на контролата во богатиот со нафта регион Кикрук, врз кој Курдите полагаат право, а беше заземен од „пешмергите“ по офанзивата на Исламската држава пред повеќе од три години кога се распадна ирачката војска и ги напушти тие позиции. Курдските власти во Ербил, исто така, соопштија дека автономијата е ја заштитуваат „со сите возможни средства“.