ИСИС се заканува со напади на СП во Русија

Се борите против држава која во својот речник нема поим неупсех, е пораката на ИСИС, објавена со фотографија од ѕвездата на Барселона од чие око тече крв. Тоа не е единствена закана…

Терористичката организација Исламска држава повторно се заканува.

ИСИС најавија напади во текот на Светското фудбалско првенсто во 2018 година во Русија, објавувајќи на својата службена страна фотографија од ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, на кого од окото му тече крв, додека стои позади решетки.

-Се борите против држава која во својот речник нема поим неуспех, е пораката објавена со монтажата на ИСИС, јавува Дејли Меил.

Набрзо после тоа, се појави нова фотографија од наоружен припадник на ИСИС со логото на Мундијалот и порака на арапски: Чекајте не.

Минатата недела, терористичката група објави фотографија со борец на Исламска држава со пушка на рамото како гледа кон стадионот Лужники во Москва, каде ќе се игра финалето на првенството.

-Алахови непријатели во Русија, ви се колнеме дека муџахединскиот оган ќе ве запали. Само почекајте, стои во пораката на оваа терористичка организација.