
Град Скопје по осум години добива нов градоначалник. Петре Шилегов ја презеде функцијата од неговиот претходник Коце Трајановски. Шилегов најави решавање на загадувањето, а следно на дневен ред ќе ги стави спорните проекти.
Работата на Панорамското тркало е стопирана и за него ќе се види како ќе се движат понатаму работите, додека за останатите проекти, ќе се направи соодветна проценка за нивно стопирање или продолжување со цел да не му се наштетни ниту на Градот, ниту на граѓаните“, вели Петре Шилегов.
Неговиот претходник Коце Трајановски пред заминување уште еднаш потсети на сработеното. Во градската каса оставил 834 милиони денари.
„Јас сум задоволен од реализираните проекти кои што беа во изминативе години, бидејќи сметам дека тие проекти донесоа за подобро Скопје“, вели Коце Трајановски
Градоначалничкото уверение за општина Центар денеска го прими и ново избраниот градоначалник Саша Богдановиќ. Досегашниот градоначалник Андерј Жерновски својот наследник го прими со насмевка и торта, а им честитае и на новоизбраните советници.
Градоначалничката на Битола пак беше најсвечено дочекана – зачекори на црвен тепих. Актерот кој најдолго остана во битолската градска општина Талевски и го предаде градскиот клуч на неговата наследничка. Првата жена градоначалник на Битола најави исполнување на ветеното.
„Целокупната своја енергија, ентузијазам, стручност меѓутоа и желба да направам нешто за овој град дефинитивно нема да биде нешто дискутабилно во следниот период“, вели Наташа Петровска – градоначалник на Битола.
Новата позиција официјално ја стартуваше и градоначалникот на Неготино, а уверенија добија и 33 новоизбрани советници во Куманово.