
Фудбалерите на Вест Хем изборија пласман во четвртфиналето од англискиот Лига куп, откако во „лудиот“ натпревар го совладаа Тотенхем со 3:2, иако на полувремето губеа со 0:2.
Тотенхем поведе со головите на Муса Сисоко во 8 и Дела Али во 37 минута, но фудбалерите на Вест Хем во второто полувреме заиграа како препородени и постигнаа три гола. Стрелци за „чеканите“ беа Андре Ајеув во 55 и 60 минута, а во 70-та Ангело Огбона го постигна победничкиот гол.
Пласман во четвртфиналето избори и Челзи кој го совлада Евертон со 2:1, а два гола беа постигнати во судиското продолжувње. За Челзи головите ги постигнаа Рудигер во 26 минута и Вилијан во втората минута од судиското продолжување, додека две минути подоцна за Еветон стрелец беше Калвер-Левин.