Новата холандска влада положи заклетва по рекордно долгите преговори

Новата холандска влада под водство на премиерот Марк Руте во четвртокот ја положи свечената обврска пред кралот Вилем-Александер, со што се завршени најголемите и најдолгите коалициски преговори во историјата на оваа држава.

Избори 15-ти март годинава ги поткопаа темелите на традиционалните холандски партии и доведоа до тоа за формирање на коалициска влада да мора да се преговара меѓу четири партии.

Новата коалиција се состои од Либералната Народна партија за слобода и демократија (VVD) на премиерот Марк Руте, центристичката Демократи (D66), Христијанско-демократската партија (CDA) и Христијанската унија, што претставива свртување в десно во однос на владата на заминување која ја сочинуваа либералите на Руте и лабуристите.

Третиот мандат на Руте откако дојде на власт во 2010 година е поддржан од најсилниот економски раст на Холандија во оваа деценија, над 3 отсто, но неговата влада ќе има мнозинство од само еден пратеник во двата дома на парламентот.

Преговорите за новата влада траеја 225 дена, бидејќи партиите мораа да расправаат за чувствителни прашања, како што се проблемите на имиграцијата, евтаназијата и корпоративните даноци.

Под деталниот договор кој беше постигнат претхоно во октомври, голем број даночни кастрења ќе придонесаст за ползата на компаниите и работниците Тоа ќе ја зголемува потрошувачката моќ на населението, поради што оваа петта економија во еврозоанта би требало да стане поатрактивна за инвеститорите.

Доаѓањето на новата влада го следи и заминувањето на министерот за финанси о претседатело на Еврогрупата, телото составено од министрите за финанси на земјите во еврозоната, Јероен Дијслеблом, кој најави напуштање на холандската полиција. Него ќе го наследи 42-годишниот демохристјанскиот Вопке Хоекстра, додека новиот министер за надворешни работи станува поранешниот претседател на парламентот од редовите на VVD, Халбе Зилстра.

Уште едно ново лице е Зигрид Кааг, познат дипломат кој од 2015 година работеше како специјален координатор на Обединетите нации за Либан.