
Судот во Истанбул нареди во средата ноќта со кауција на слобода да бидат пуштени осум активисти за човекови права, меѓу кои и Идил Есер, директорката на Amnesty International (AI), како и германски и шведски државјанин, во судењето за тероризам на коешто реагираше западот.
Меѓутоа, судот побарал во притвор да биде задржан Танер Килич, претседателот на Amnesty International за Турција, извести AFP. На единаесет лица, од кои две веќе се бранат од слобода, им се суди за тероризам. Килич е обвинет за „припадност на вооружена терористичка организација“, а другите за „помагање вооружена терористичка органиација“. Им се закануваат затворски казни до 15 години.
„Денеска конечно славиме што нашите пријатели и колеги ќе се вратат дома и ќе спијат во своие постели“, изјави во соопштението ноќта кон четвртокот Amnesty International, Салил Шети, очекувајќи осумте протвореници да бидат ослободени и истакнувајќи дека радоста „ја расипува останувањето (на Килич) во притвор.
Килич, инаку, е под уште една истрга поради „припадност на вооружена терористичка организација“ во рамките на којашто во четвртокот ќе се одржи расправа на судот во Измир, на западот од Турција.
Судот не изрече мерка забрана за напуштење на територијата на земјата за Петер Штеудтнер, германски државјанини и за Али Гарави, шведски државјанин, соопштил еден од нивните адвокати.
На рочиштето во средата обвинетите ги отфрлија обвиненијата за коишто се товарат. Следното рочиште е закажано за 22-ри ноември.
„Да се штитат човековите права не е злосторство“, истакна Есер. Гарави рече дека е „невин“, како и дека обвинението е „полно со имиња на организации за кои ниту слушнал“.
Отфрлајќи ги „неоснованите“ обвинувања, од Amnesty International го осудија „судењето коешто требаше да претставува пример за другите“ и да ги „застраши активистите за човекови права во Турција во случаите на уривање на слободите“ по неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули минатата 2016 година.