Предност на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, Виница и Зрновци

Според неофицијални извори од ВМРО-ДПМНЕ, партијата победи на вториот круг од Локалните избори во Кавадарци.

ВМРО-ДПМНЕ победиле со 1.600 гласа разлика наспроти својот противник.

Според податоците на Државната изборна комисија партијата на Никола Груевски засега има водство во три општини.

Кавадарци, Зрновци и Виница се општини каде кандидатите на ВМРО ДПМНЕ имаат предност пред кандидатите од СДСМ.