
Амир Елези од движењето БЕСА, истакна дека победата во општина Теарце ја украле истите крадци кои ја крадат нашата иднина.
„Благодарение на сите вас кои застанавте до нас, се чувствувам многу горд на огромната поддршка, определувањето и придонесот. Се соочивме со државната полиција која што се постави во служба на партијата, со подземјето кое се уште го задушува и го плаши сиромашниот народ, и со класичното купување на гласовите. Победата во општина Теарце ни ја украдоа истите крадци кои ја крадат нашата иднина. Секогаш на страната на праведните, на оние со достоинство, на оние кои не го продаваат својот народ по секоја цена, вели Елези, пренесува „Албпортал“.