
Дел од жителите на општина Центар, од улицата „Аминта Трети“ до булеварот „Партизански одреди“, утре од 9 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок на улицата „Наум Наумовски-Борче“ бр. 38 во населбата Центар.
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.