Путин го отвори споменикот на Сталиновите жртви, активистите го обвинуваат за цинизам

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот го отвори споменикот на жртвите на сталинистичките прогонот, но дисидентите од периодот на Советскиот сојуз, го обвинуваат дека тоа е циничен потег бидејќи актуелните руски власти ги кршеле граѓанските слободи.

„Ѕидот на тагата“ се наоѓа на работ на фреквентната сообраќајница од 10 ленти и прикажува голем број жртви без ликови. Многу од нив се испратени во логори и затвори под лажни обвиненија дека се „непријатели на народот“.

Ви текот на Големиот терор меѓу 1937 и 1938 година се убиени, според официјалните конзервативни податоци, повеќе од 700.000 луѓе. Историчарите проценуваат дека во текот на триесетгодишното владеење на Сталин, до неговата смрт во 1953 година, одговорен за 20 милиони луѓе.

„Недвосмилена и јасна процена на репресијата ќе помогне да се спречи таа да се повтори. Ова грозна историја не смее да биде избришана од нашето национално паметење и ништо не може да ја оправда“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на отворањето на споменикот.

Говорот на Путин е една од најострите осуди на мрачната страна на Советскиот сојуз. Порано Сталин тој го нарекуваше „комплексна фигура“ велејќи дека обидите да се демонизира советскиот водач се дел од плановите за нападите врз Русија, потсетувајќи дека Јосиф Висарионович Сталин и не е Русин. Меѓутоа, на церемонијата во понеделникот Путин порача дека тоа се и уроци за Русија.

„Тоа не значи да се бара одмазда. Не смееме повеќе никогаш да го турнеме општеството пред опасниот раб на поделбите“, истакна Путин нагласувајќи дека е потребна стабилноста на руското општество.

Говорот на Путин доаѓа пред одбележувањето на стотата годишнина од Октомвриската револуција од 1917 година, што во Москва предизвикува извесно чувство на непријатност поради нејзиниот вовед во диктатурата на Сталин и неговите чистки. Путин претходно во понеделникот зборувајќи на средбата со активистите за човекови права откри дека се надева дека споменатата годишнина ќе му овозможи на руското општество да повлече линија за турбулентните настани до 1917 година и да се прифати руската историја „со големите победи и трагичните страници“.

Меѓутоа, некои активисти се незадоволни бидејќи велат дека наводно со присоединувањето на Крим во 2014 година наводно се охрабрувале следбениците на Сталин, иако овој црноморски полуостров со доминантно руско и рускојазично население во тој и во посталиновиот период е присоединет на тогашната советска република Украина. Тие обвинуваат дека книги и спомен плочи во чест на Сталин се поставувале во разни руски региони и оти учебниците настојувале да го ублажат неговиот имиџ, а во една анкета во јуни советскиот лидер бил прогласен за најистакната историска личност на Русиај, иако е Грузеиц по потекло.

Група дисиденти од периодот на СССР во понеделникот објави писмо во коешто го обвини Путин за „цинизам“.

„Сметаме дека московското поставување на споменик на жртвите на политичката репресија неправовремена и цинична. Невозможно е да се учествува во меморијалните настани кои ги организираат властите кои тврдат дека жалат поради жртвите на советскиот режи, но во практиката апродолжуваат со политичката репресија и ги гушат граѓанските слободи“, заклучуваат активистите во писмото коешто најде голем публицитет во западните медиуми.