Трамп го потврди апсењето на осомничениот за атентатот во Бенгази

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потврди дека во Либија е уапсен Мистафа ал-Имам, осомничен за терористичкиот напад врз конзулатот на САД во северниот град Бенгази пред пет години кога беше убиен амбасадорот Кристофер Стивен и уште тројца припадници на тајните служби.

„Вчера по мојот указ силите на САД го фатија во Либија Мустафа ал-Имам. Благодарејќи на оваа успешна операција ал-Имам ќе биде изведен пред американски суд за наводната улога којашто ја одиграл во нападот од 11-ти септември 2012 година во Бенгази, што резултираше со смртта на амбасадорот Кристифер Стивенс, како и Глен Доерти, Шон Смит и Тајрон Вудс, четворица храбри Американци коишто ѝ служеа на нашата земја“, се наведува во писмената изјава на американскиот претседател Доналд Трамп лиферувана во понеделникот вечерта до медиумит.

Претходно американски функционер кој барал анонимност, изјавил дека американските сули го уловиле либискиот милитант за кој се верува дека учествувал во нападот врз американскиот конзулат во Бенгази. Тој изјави дека американските војници го притвориле осомничениот изминатите денови во Либија, но оти одбиваат да го идентификуваат.

Нападот врз конзулатот во Бенгази и убиството на американскиот амбасадор беше честа тема на многубројните сослушување во американскиот Конгрес, бидејќи се смета за безбедносен пропуст на дипломатијата којашто имала наводно информации за подготвуван напад врз американска цел на годишнината од терористичкиот напад од 11-ти септември 2001 година во САД што доведе до убиството на првиот американски амбасадор во странство. Многу републиканци, вклучително и актуелниот претседател Доналд Трамп, за ова ја обвинуваа тогашната државна секретарка Хилари Клинтон.

Американските обвинител претходно во октомври покренаа истрага против Ахмед Абу Каталах кој е осомничен дека го предводел нападот. Каталах го очекува судењето од 2014 година кога беше уапсен од американската војска и припадници на Федералното биро за истраги (FBI), и со тринаесет дена долгото патување со брод на американската воена морнарица беше префрлен во САД.