
Владата ќе даде на трајно користење деловен простор на новоформираното здружение за деца бегалци од Егејска Македонија „Т’га за југ“.
Ова Здружение е формирано на 19 септември 2017 година, а просторот што му се доделува е во трговскиот центар „Скопјанка“ во Скопје.
На седницата на владата синоќа е усвоена и предлог-одлуката за одземање на просториите на на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин во Скопје, исто така Здружение на деца беглаци од Егејска Македонија.