
Повозрасна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќе во вторникот, по што е пренесена на скопските клиникит, инвормира во средата Министерството за внатрешни работи.
Шеесет и седумгодишната скопјанка С.Т. е хоспитализирана во тешки повреди на Клиниката за Трауматологија откако во неа удрил автомобил „опел вектра“ управуван од 55-годишниот М.И.(55) од Скопје.
Како што информираат од МВР, несреќата се случила вчера утрото на крстосницата од булеварот „Трета Македонска Бригада“ и улицата „Венјамин Мачуковски“ во скопската населба Аеродром, кога автомобилот удрил во жената.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од полицијата.