Шпанското обвинителство бара притвор за осум лица од каталонската влада

Обвинителството побара притвор за потпретседателот на владата на Каталонија, Ориол Жункерас, и уште седум други лица кои денеска беа на сослушување во суд во Мадрид.

Јавниот обвинител не побара притвор за Санти Вила, кој поднесе оставка од својата функција 24 часа пред Парламентот да прогласи независност.За него судот побара кауција.