
Македонскиот првак Вардар и во четвртиот натпревар од Лига Европа претрпе пораз – вкупно четврти. Избраниците на тренерот Чедомир Јаневски за разлика од првиот дуел со Реал Сосиедад кога во Скопје загубија со 6:0, на синоќешниот дуел се поразени со 3:0.
„Реал Сосиедад заслужено победи. Тие се подобри од нас и тоа е очигледно, но сега разликата не беше како во Скопје. Игравме цврсто во одбраната до првиот гол, а потоа пак имавме грешки и можам да кажам дека пак примивме наивни голови. Но, имаше и подобрување во однос на претходниот дуел одигран во Скопје“, изјави на прес-конференцијата тренерот на Вардар Чедомир Јаневск
Фудбалерите на Вардар го претрпеа и четвртиот пораз во рамките на групата Л од Лига Европа. Тие синоќа загубија во дуел од 4. коло на гостувањето од шпанската екипа Реал Сосиедад со 3:0 (1:0).
Реал Сосиедад поведе во 31. минута со голот на Хуанми. На 2:0 зголеми Алберто де ла Бела во 69. минута, додека конечните 3:0 ги постави резервистот Јон Баутиста во 81.минута.
На вториот дуел од оваа група Розенборг и Зенит одиграа нерешено 1:1.
Тимот на Зенит со 10 освоени бодови е прв во групата и обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето. Реал Сосиедад има 9 бодови, Розенборг 4, а Вардар е последен без освоен бод.
Следниот натпревар Вардар го игра на гости кај Зенит на 23.ноември.