
Педесет и седумгодишниот Е.И. од скопско Арачиново кој во четвртокот беше уапсен во близина на Врховниот суд во текот на изрекување на пресудите во случајот „Диво Насеље“ во блискиот Основен суд Скооје 1 Скопје, бил автор и на писмо со заканувачка содржина, информираат во петокот од Министерството за внатрешни работи.
По извршеното вештачење во МВР утврдено е дека прачките кои беа пронајдени кај него, а коишто наликуваат на експлозивна направа, всушност се пиротехнички средства петарди.
Во врска со заканувачкото писмо, од МВР во петокот информираат дека утврдено е дека тој е авторот со графолошко вештачење.
По целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.