
фудбалерот Мартин Јанушев тешко е повреден во оружен инцидент на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.
Очевидци за агенцијата велат дека фудбалерот е погоден со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот. Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во непознат правец.
Полициски екипи се веќе пристигнати на терен, а напаѓачот е во бегство. Нападот се случи околу 18 часот во Аеродром пред кафулето „Ред Кафе“, напаѓачот го фрлил пиштолот на местото на настанот и избегал во непознат правец.