МВР информира дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре (04./05.11.) во периодот од 06 до 16 часот ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров.
Поради изведување градежни работи ќе биде затворен и дел од улицата „Александар Урдаревски“ (во реонот на гробиштата Бутел).
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.