
Најмалку 75 цивили се убиени во напад со автомобил бомба кој во саботата вечерта го извела радикалната сунитска организација Исламска држава (ИД) во сириската покраина Деир-ез-Зор, според податоците коишто го неделата ги соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
„Покрај повеќе од 75 мртви, меѓу кои се и деца, има и 140 ранети. Цел на Исламската држава во саботата навечер била група бегалци на брегот од Еуфрат, и во експлозијата на автомобил бомба десетици луѓе се убиени и ранети“, изјавил за AFP директорот на SOHR, Рами Абделрахман, истакнувајќи дека жртвите се раселени лица кои бегаат од разните офанзиви против Исламската покраина во оваа покраина.
Во четвртокот сириската армија помогната од руската авијација и шиитските доброволечки милиции од покраината и од регионот на Блискиот исток, објави дека ги протерале и последните борци на Исламската држава од истоимената покраинска престолнина Деир-ез-Зор, со што џихадистите го загубија и последниот голем град во нивниот ткн „калифат“ во областите што ги контролираа во Сирија и во Ирак.
Борбите продолжуваат во остатокот од покраината кон ирачката граница каде што позициите на Исламската држава се во долината на реката Еуфрат.
Жртвите на нападот во саботата пристигнале од областа зафатена од борбите во оваа со нафта богата покраина во којашто џихадистите се цел на две различни офанзиви. Едната ја водат силите на сириската влада, а другата курдско-арапската коалиција помогната од американските специјалци на теренот и авијацијата на меѓународната коалиција предводена од САД.
Беглаците се изгубени во сириската пустина каде што не постојат комуникации.
„Последните седмици, повеќе до 350.000 луѓе, меѓу кои 175.000 деца, го ризикуваа својот живот за да се засолнат и побегнат од Деир-ез-Зор“, објави организацијата Save The Children.