
Протести на семејствата и блиски на Албанците осудени со пресудата за „Диво Насеље“ се најавуваат за петок, 10-ти ноември во 12,30 часот на плоштадот Скендербег во Скопје.
После казната на кумановската група, се активира УЧК во Македонија со 72 часовен ултиматум.
Во новинската агенција Лајм пристигнало известување во име на генералниот штаб на УЧК со седиште во Скопје. Во ова известување со бр. 6, санкционирана е одлуката на судот за осудувањето на членовите на кумановската група, додека од Албанците побарано е да ги напуштат сите државни институции каде што се вработени. Се добива ултиматум од 72 часа кој започнал денес и ќе заврши во среда.