
Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски дополнително го повика Кире Маркоски од Работнички за контролниот натпревар против Норвешка закажан за 11-ти ноември на Националната арена „Филип Втори” во Скопје.
Кире Маркоски ќе го замени во офанзивниот ред напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски, кој по барање на неговиот клуб е ослободен од репрезентативни обврски за овој дуел.
Собирот на репрезентацијата е закажан утре во 12 часот.