Крводарителска акција во општина Карпош

Во духот на солидарноста и хуманоста по повод 41. роденден општина Карпош денес, 6 ноември, ќе спроведе крводарителска акција која традиционално ја организира со поддршка на Црвениот Крст на Република Македонија.

За таа цел ќе бидат приспособени два крводарителски пунктови во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ и во просториите на надвозникот „Влајко“, каде хуманите граѓани ќе можат да даруваат крв во периодот од 9 до 17.30 часот, информираа од општина Карпош.