Таравари: Спасовски им се закануваше и на членовите од СДСМ кои ми даваа поддршка

Во вчерашната емисија „Во Центар“ на телевизија Алфа, гостуваше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој кажа дека локалните избори се најлошо организирани избори до сега.

Тој додаде дека и покрај големиот притисок, заканите и уцените со кои што се соочувал во изборниот процес од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, победила волјата и поддршката која што ја имал од гостиварчани и од сите етнички заедници во Гостивар.

-Огромен притисок кој што знаеме и јас и премиерот и министерот за внатрешни работи ги знаат овие факти, иако Оливер ми побара луѓето да дојдат пред него да кажат. Замислете кој би дошол човек обичен, пред министер за внатрешни работи да каже дека пишал порака дека имале огромни притисоци пред структурите, зошто јас имав голем број на Македонци од СДСМ кој што јавно ме гласаа и поддржуваа и тоа јавно го кажував. Последната недела почнаа притисок и на нив да им прават како можете јавно да го поддржите Таравари. Луѓето гласаат за човек во локалните избори, истакна Таравари.

Таравари додаде дека неговата партија Алијанса за Албанците, има големи забелешки за изборните нерегуларности кои што се случувале и дека истите забелешки ги констатирала и набљудувачката мисија на  ОБСЕ /ОДИХР.

Имено, Таравари констатираше дека доколку имало некакви реформи во албанскиот дел од сите албански партии кои се во коалиција со СДСМ, тоа е токму партијата на Алијанса на Албанците. Таравари појасни дека како сегашен градоначалник на Гостивар има имунитет, но притисоците и заканите кои што се упатени до граѓаните од сегашната влада на СДСМ, не се добри и чесни.

Таравари истакна дека неколку пати му укажувал на Зоран Заев дека без разлика колку пати ќе го посети Гостивар, тој ќе успее да победи зошто граѓаните гласаат за човек кој што ќе работи во интерес на граѓаните. Според него, СДСМ и Заев направиле голема штета и работеле директно против Зијадин Села, како кандидат за градоначалник на Струга. Таравари додаде дека во наредниот период кога ќе се смири целосно ситуацијата која што се случувала после локалните избори, раководството на неговата политичка партија ќе седне да размисли со „ладни глави“ како ќе продолжи понатаму да дејствува и дали ќе останат како коалиционен партнер во владата на СДСМ и Зоран Заев.