
Сите сакаме блескав и чист тен, кој нема да мора дополнително да го покриваме со сенка, туку сам по себе ќе изгледа беспрекорно. Еве како да го постигнете тоа…
Еве неколку напитоци кои ќе го доведат во ред вашиот тен за многу кратко време.
Зелен смути
Овој напиток содржи протеинско млеко кое е одличен еквивалент на обичното млеко. Кај одреден број луѓе млечните производи знаат да предизвикаат иритација на кожата што резултира со црвенило. Овој рецепт не подразбира користење на млечни производи, туку ги извлекува корисните состојки од кокосот и спанаќот.
Состојки:
120 милилитри бадемово млеко
120 милилитри кокосова вода или кокосово млеко
1 средна крушка
1 рака листови од спанаќ или кељ
Половина лажичка кокосов екстракт
4-5 коцки мраз
Смути од зрнесто овошје

Богато е со хранливи материи, кои се исклучително добри за кожата. Не само што содржи витамин Ц кој е добар за вашиот тен, туку помага во создавањето колаген, кој е клучен за младешки изглед.
Потребни состојки:
250 милилитри ладна вода
Половина рака кељ или спанаќ
50 грама смрзнати јагоди
50 грама смрзнати малини
50 грама смрзнати боровинки
Смути со зелен чај и јогурт
Овој напиток има позитивно влијание врз здравјето и убавината. Освен што помага во борбата против несаканите бактерии, зелениот чај е полн со антиоксиданси кои се идеални во борбата против брчките.
Потребни состојки:
250 милилитри зелен чај, пуштете го нека се олади и немојте да го засладувате
250 милилитри јогт
125 грама иситнета мента
6-7 коцки мраз
1 чајна лажичка мед
2 средни лимони исцедете ги во смеса, па промешајте