
Крајно безобразно и неодговорно е заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули да ја префрла вината врз граѓаните за загадениот воздух во земјава, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Јани Макрадули.
„Овие денови загадувањето во Скопје, Куманово, Тетово и другите градови неколкупати ги надминува дозволените граници, а Макрадули наместо да понуди конкретни мерки за итно за намалување на загаденоста тој ги обвинува граѓаните и нивните навики. СДС на граѓаните на Република Македонија во текот на изборната кампања им ветуваат чист воздух и итни мерки за намалување на загаденоста, но веднаш по изборите како и се друго се испостави дека било лага и обично празно ветување, потенцираат од партијата.