
Хрватската полиција во вторникот потври дека примила известување дека Ивица Тодори е уапсен во Лондон откако пред речиси три седмици загрепското обвинителство распиша меѓународна потерница по тајкунот.
„Хрватската полиција доби известување дека Ивица Тодориќ (1951 годиште) во0 9,04 часот по локално време е повикан во полициската станица Черинг Крос во Лондон каде што е уапсен на основа на Еропскиот налог за апсење кој по налог на Жупаниското државно обвинителсво Загреб го распиша хрватската полиција“, го цитира агенциајта Hina соопштението од хрватскот МВР.
Загрепското Жупаниско државно обвинителство поради незаконско прибавување на стотици милини евра, покрена истрага против Ивица Тодориќ, неговите синови Иван и Антер Тодориќ, и против дванаесет менаџери на „Agrokor“ и ревизори.
Загрепскиот суд одреди истражен затвор само за Ивица Тодориќ, а другите беа пуштени да се бранат од слободат.
На вкупната штета ѝ се надоврзува и полза во висина од дополнителни 320 милиони куни, прибавени за „едно правно лице“ со фалсификување исправи и незаконско водење на деловните книги.
Тодориќ е првоосомничен во аферата „Агрокор“ и се товари за незаконска имотна полза од повеќе од 130 милиони евра. Доскорешниот челник на компанијата е единствениот од вкупно 15 осомничени во аферата кому загрепскиот суд му одреди притвор поради опасност од влијание врз сведоци, додека другите се пуштени да се бранат од слобода.
Обвинителството го сомничи Тодориќ за прибавување противправна имотна корист, односно дека во финансиските извештаи ги прикажувал работењето и финансиската состојба на „Agrokor“ како поуспешни од реалните резултати.
Покрај Ивица Тодориќ, во случајот осомничени си и двајцата негови синови, Иван Тодориќ и Анте Тодориќ, како и 12 менаџери и ревизори на „Агрокор“.