
Премиерот Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до Амбасадата на САД во Македонија по повод трагичниот настан во Садрленд Спрингс, во Тексас, соопшти вечерва владината прес-служба.
– Длабоко не погоди безумниот чин за време на верска служба во Садрленд Спрингс, во државата Тексас. Дозволете ми во мое име, и во името на Владата на Република Македонија, да изразам најискрено сочувство со семејствата на жртвите и со американскиот народ за трагедијата, наведува Заев во телеграмата.