
Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која во средата утрото околу 5,45 часот се случила на регионалниот пат Валандово – село Марвинци.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила кај месноста Мичкин мост, а во истата учествувале автомобил „фиат Пунто“ управуван од Н.С. од село Јосифово и автомобил „форд ескорт“ со кој управувал 50- годишниот З.А. од Валандово.
На лице место животот го загубил возачот на „пунтото“, Н.С. додека со тешки повреди се здобил неговиот сопатник 35-годишниот О.П. од селото Балинци кој е пренесен во гевгелиската болница.
Последно повреден во несреќата е возачот на другиот автомобил. Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.