Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа во којашто во четвртокот утрото учествувале четири возила на патот Битола – Прилеп.
Во несреќата учествувале „рено твинго“ и „шкода’ со битолски регистерски таблички, „мерцедес“ со скопски таблички и камион МАН, со велешки регистрација.
Во сообраќајката загинал 19-годишниот Т.Ѓ. од Битола, потврдил за локалниот портал „Шеталиште“ портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска.
Во сообраќајката изгорел мерцедесот, а имало и уште неколкумина повредени лица.