
Вчера попладнево од непознати лица е нападнат и прободен со остар предмет, најверојатно нож, во пределот на стомакот дежурниот доктор на Клиниката за токсикологија.
Докторот е веднаш пренесен во Ургентниот хируршки центар каде му била санирана повредата. Извори од Ургентиниот центар ја потврдуваат веста и информираат дека се работи за убодна рана во стомакот нанесена со остар предмет . За среќа повредата не е сериозна и докторот не е во животна опасност. Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи. Ова е уште еден немил настан кој ја вознемири македонската јавност.