Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека на ден 14.11.2017 (вторник), заради закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат неколку улици во Скопје.
Во периодот од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 533 (место викано Бела Земја) згради 1, 2, 3 и 4 и ул. 531 во општина Илинден.
Корисниците од дел од ул. 4 во с. Никиштане во општина Ѓорче Петров утре ќе останат без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
Во периодот од 08:30 до 12:30 часот нема да има електрична енергија за корисниците од делови од улиците Ѓорѓи Пенков, Нов Живот, Диме Мечето, Вашингтонска, Селечка Планина, Гвадалахара, Шуто Оризари, Гарибалди, Волт Дизни, Гарсија Лорка и Метохиска во општина Шуто Оризари.