
Дваесет и едногодишен жител на кумановското село Ваксинце е тешко повреден откако со својот автомобил во понеделникото излетал од регионалниот пат Липково-Куманово на местото викано Оризарска чешма.
Од полицијата информираат дека А.И. управувајќи автомобил „ауди“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.
Возачот бил пренесен во кумановската болница од каде по барање на родителите е препратен во Ургентниот центар во Скопје каде му се констатирани тешки повреди.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.