
Пратеникот и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на дебатната емисија Топ Тема дебатираше за законот за јазиците.
Тој истакна дека СДСМ со овие процеси ја втурнува државата кон босанскиот модел на државно уредување кој во крајна мера се покажал како нефункционален. Според Ѓорчев, Македонија наместо да земе поука од босанскиот пример и да не дозволи државата да стане нефункционална се втурнува кон тој модел, а СДСМ се апстрахира од дебатата и ја избегнува оваа тема.
Ѓорчев потенцираше дека никаде во соседството дури не постои ваков закон за јазици.
-Новиот закон за јазици е со европско знаменце, а ваков закон нема ниту кај земјите членки на Европската Унија од соседството, додаде тој.
Пратеникот Реџаил Исмаили на ДУИ потврди дека со овој закон албанскиот јазик станува втор службен јазик во државата, а пратеникот Тунтев од СДСМ ги спомна моделите на функционирање на Швајцарија и Белгија.
За Ѓорчев главна причина за носење на овој закон е политчкиот договор за формирање на Влада кога СДСМ реши по секоја цена да формира Влада иако ги загуби изборите на 11-ти декември.